Денеска во 13 часот во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на која ќе биде разгледано прашањето – дали има услови за одржување на избори во декември.
Лидерите на четирите партии – потписнички на Договорот од Пржино, треба да разгледаат што е исполнето од договорот што го постигнаа на 20 јули оваа година.
Од овој договор досега беа исполнети поголемиот дел од обврските. Пратениците ги изгласаа измените во Изборниот законик, во Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка и за Законот за Влада.
Сепак, преостанува уште еден проблем, а тоа е што се уште не е постигнат договор за петтиот член на телото. Непознато е дали ќе се псотигне договор пред да започне лидерската средба. Олеснителна околност вчера остави Даут Даути кој јавно се откажа од трката, и остави простор за неговиот противкандидат Сефер Тахири, но се уште не е познато дали четворицата членови ќе се согласат за него.
Доколку биде постигнат договор за избори, СДСМ ќе треба да го каже предлогот за уредник на МТВ, како и преодни министри и заменици.