Демократски сојуз: Изборите последна шанса да ја спасиме Македонија од криминалците

Демократскиот сојуз, ќе учествува на парламентарните избори, кои ќе се одржат на 11-ти Декември оваа година. Нашата коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА е отворена за сите кои сакаат да го победат злото, криминалот, корупцијата и да им ги вратат украденото на граѓаните , и оние кои сакаат да гласаат и да се изборат за пристоен и достоинствен живот за сите, а не само за поединци.

Демократскиот сојуз подготви Изборна Програма „ПРОМЕНИ, ПРАВДА, ПРОГРЕС”, во која се вградени голем број на идеи од граѓанските организации кои подготвија предлог на итни демократски реформи.

По вчерашниот договор за одржување на предвремени избори, граѓаните ќе имаат можност да се ослободат од сите тие кои Македонија ја ограбија и ја вовлекоа во длабока криза.

 Овиe лидери на четирите партии, не ја прифатија определбата на мнозинството граѓани, и Македонија да биде една изборна единица, но и покрај сé, ние го прифаќаме граѓанскиот предизвик и на изборите ќе одиме за да се случат промени и правда, а граѓаните да ја искористат последната шанса за да се ослободат од криминалците кои Македонија ја држат во заложништво и да го вратат тоа што им е украдено.

Свесни сме дека Власта не спроведе суштински реформи за да има фер политички натпревар и можност партиите да ги презентираат своите платформи и проекти за излез од кризата.

Но последните сондажи на јавното мислење ја покажуваат цврстата решеност на граѓаните од корен да се променат работите и да дадат шанса државата да ја водат способни и чесни кадри.

Демократскиот сојуз ги повикува политичките партии, граѓански асоцијации, поединци и сите други кои се за промени , да се здружиме во Коалицијата за Промени и Правда и да покажеме единство и гаранции на граѓаните дека се можни промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e