Давидовиќ за”Фактор”: Решителноста на СЈО полека испливува на виделина

„Сметам дека одлука на Уставниот суд со која СЈО би се прогласило за неуставно не би донело никому добро а особено не би придонело за смирување и решавање на политичката и правна криза во државата туку истата би ја продлабочило.“

Специјалното јавно обвинителство подигна две обвиненија против повеќе лица за два настана и тоа за уништување на доверлив материјал, класифицирани информации, документи и апаратури поврзани со неовластеното прислушкување како и за насилството при протестите пред општината Центар. Во повеќе наврати и подолг период се шпекулираше кои настани ќе бидат преточени во обвинение односно кои настани специјалното јавно обвинителство ќе ги процесуира. Дури некои критичари на специјалното јавно обвинителство потенцираа и се залагаа прво да се расчисти со сомневањата околу неовластеното прислушкување – вели за Фактор искусниот адвокат Звонко Давидовиќ.

Тој додава дека Специјалното јавно обвинителство токму тоа и го стори и покажа покренувајќи постапка против обвинетите за кои тврди дека ги уништиле доказите во врска со неовластеното прислушкување. Ова покажува дека специјалното јавно обвинителство тргнало токму од основните сомневања и причини поради кои и е формирано а тоа се неовластено прислушкуваните разговори.

Давидовиќ вели дека подигнатото обвинение покажува дека специјалното обвинителство и те како сериозно ги истражувало причините, начинот, сторителите и мотивот за неовластено прислушкуваните разговори а она што досегашната истрага го открила го преточиле во обвинение за повеќе лица.

Целиот текст прочитајте го тука.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e