Дали “Фокус” полека се претвора во “жута штампа”?!

Последните неколку години, во интернет просторот постојано никнуваат портали кои ја кријат сопственоста и уредничкиот тим, се регистрираат во странски држави и на туѓи лица и адреси. На истите тие интернет портали, секојдневно можеме да прочитаме разни невистини, лични навреди и клевети со цел да се нанесе штета на одредени политичари, бизнисмени и јавни личности. Jавноста веќе има изградена слика за таквите извори на лажни вести и секој текст и информација кој доаѓа од нив, ги зема со голема доза на неверување.

Но, кога на неделник кој постои со децении, како што е “Фокус”, ќе ја видите насловната страница со карикатура од некој политичар и бомбастичен наслов, очекувате во самиот текст да има издржана содржина, поткрепена со факти и докази кои би требало да го потврдат наведеното во самиот наслов. Во добрите години на Фокус, тоа и го имаше…но во последниот период, имаме безброј оправдани причини за да се запрашаме, дали Фокус полека се претвора во “жута штампа”?  Дали преку карикатурите на политичарите и бомбастичните наслови, овој неделник, применува маркетиншки трик со кој ја буди љубопитноста кај читателите, обидувајки се да ја врати довербата која можеби ја има изгубено?

Во јавноста, се повеќе се “шушка” дека новинари од неколку портали и весници се во тајна спрега со поранешни разузнувачи кои ги хранат со невистинити и полувистинити информации за да пишуваат против одредени вршители на јавни функции, измислувајки афери каде што нема ни “А” од афера. Овие информации се непотврдени но даваат сомнеж врз таквите извори на информирање. Искрено, не веруваме дека и овој неделник би спаднал на такво слично ниво?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e