Д-р Митов за УБ: Короната ќе помине, ние имаме проблеми со други пандемии – Кај нас смртноста на прво место е од срцеви, а на второ од малигни болести

Французите се доста прецизни. Го најдоа пациентот кој што е заразен во декември. И тие немаат сомнеж во тој поглед. Значаен момент е дека тој не патувал никаде. Што значи дека е заразен од некој друг. Но, тука се отвора нова димензија – што доколку вирусот бил присутен во Европа уште од декември. Многу е важно да се знае кога бил присутен вирусот за да се знае повеќе околу колективниот имунитет, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Александар Митов.

РИГОРОЗНИТЕ МЕРКИ

-Што е суштината на ригорозни мерки? Тоа е купување на време. Се чека од некои од центрите каде што активно се работи да се дојде до некое решение. Би сакал да истакнам два моменти. Првиот момент е дека е добро што се појави интерес да се фокусираме на бројките на морталитет. Да ги објавевме бројките за морталитет пред 3 месеци, на дневна, на годишна основа, тоа ќе беше прилично досадно, каде што немаше да им бидат интересни податоците на граѓаните. Но сега и кај нас и во светот е таму свртен фокусот. И тоа е добро, затоа што можеме вистинските прашања да ги ставиме на маса. А вистинските прашања се – Короната ќе дојде, ќе земе замав и ќе помине, но ние имавме, имаме и ќе имаме проблеми со другите пандемии кои де факто се присутни – со дијабетот, со зголемената телесна тежина, со зголемениот крвен притисок. Кај нас смртноста на прво место е од срцеви заболувања, на второ од малигни болести, изјави д-р Митов.

ПОПУЛИЗМОТ ВО МЕДИЦИНАТА

На површина дојде и популизмот во медицината, кој што е многу опасен. На површина излегуваат информации од „експерти“ од медицински лица, кои што пркосат на СЗО и Министерствата за здравство во цел свет. Луѓето сакаат да слушнат добри вести и мене ми е многу лесно сега, ако сум нечесен, да тргнам да го утешувам населението и да велам ова е нешто малку повеќе од грип, еве го летото, ќе стане топло, опуштете се. Секој знае што сака да слушне јавноста, тоа е многу лесно, но ние имаме една опасна ситуација. Имено, имаме луѓе кои што знаат дека ова е штетно да се зборува, сепак продолжуваат да го шират тоа и да ги зборуваат тие смирувачки информации.

Освен личниот момент на популарност, на јавноста ќе и донесе многу штета. Жално е што официјални медицински инстиуции не се спротивставуваат на ширењето на ваквите иформации. Не можете вие лабаво да излегувате и да зборите контра СЗО. Не се најпаметните луѓе сега во Македонија, закопани некаде и сега ние треба да им го покажеме Светиот грал на научниците во светот и на Јапонците, Американците, Германците да им кажеме луѓе остајте тоа – јас ќе ви кажам што е Коронавирусот. Но ги имаме тие парадоксални информации, истакна Д-р Митов и додава дека најчесто жртви се оние луѓе кои што им веруваат на индивидуи кои што зборат со голема самодоверба.

ЗДРАВА ИСХРАНА

-По­сто­ја­но се по­ја­ву­ва­ат и за­ми­ра­ат раз­ни трен­до­ви. Трен­дот на здрав на­чин на ис­хра­на и оп­што, здра­ви­те на­ви­ки, ту­ка не е ут­на­та ра­бо­та­та. Ту­ка трен­дот е на ви­стин­ско­то ме­сто. Овој­пат ста­ну­ва збор за тренд кој има цвр­ста ос­но­ва во на­у­ка­та и во на­уч­ни­те фа­кти. Ве­ли­ме, ме­ди­ци­на ба­зи­ра­на на до­ка­зи. От­ту­ка и по­пу­лар­ни­те трен­до­ви би тре­ба­ло да би­дат ба­зи­ра­ни на до­ка­зи. Нај­го­ле­ми­от број од бо­ле­сти­те што пре­диз­ви­ку­ва­ат смрт­ност – кар­ди­о­ва­ску­лар­ни­те, ср­це­ви­от удар, мо­зоч­ни­от удар, ди­ја­бе­тес тип 2, кар­ци­но­ми­те, си­те се по­вр­за­ни со на­чи­нот на жи­ве­е­ње. За­тоа е мно­гу важ­но да жи­ве­е­ме здра­во и да се хра­ни­ме пра­вил­но, истакна д-р Митов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e