Цветков, уплашен од излегување на нови докази за криминали, го кочи влегувањето на Николовски во министерството

Од сите чекори кои ги презема владејачката Вмро-Дпмне, по гласањето на новата влада за организирање на изборите и сите безсмислени опструкции кои им се прават на функционерите на СДСМ а кои се дел од владата, јасно е дека Груевски и екипата околу него не сакаат да има избори на 11 декември.

По смешните игри на поранешниот министер за труд и социјала, Диме Спасов, со криењето на даљинските од климите и други детски финти, како и очигледните предходно договорени со замислена цел, 9 отворени боледувања на исто толку директори на центри за социјални работи, (како тоа баш 9 директори во еден ист ден се разболеле, да не ги фатило некоја епидемија?!), причината е јасна и видлива, да се одолговлече нивната смена, со слични опструкции се соочува и дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски, иако веќе 10-тина дена како е избран по втор пат на функцијата, министерството сеуште тактизира и не му обезбедува основен услов за работа – канцеларија.

Тој во јавноста изминатиов период беше присутен со објавување на цврсти докази и документи за несовесно работење на одредени функционери како и сомнително извлекување на милионски суми на пари преку ова министерство во џебови на лица блиски до власта.

Најверојатно, Вмро-Дпмне и министерот Цветков, со повторниот избор на Николовски за дополнителен заменик министер во ова министерство се уплашени од излегување во јавноста за нови криминални договори и тендери во предизборниот период и затоа е и целата оваа смислена опструкција за да се добие на време.

Но, Николовски за 24 Вести најави дека ќе покрене постапка и ќе бара одговорност.

Тој ниту на официјалната страница на министерството не фигурира како дополнителен заменик министер.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e