Црни денови следуваат на Балканот ако се промени власта во Северна Македонија, пишува Фајненшл Тајмс

Балканот би можел повторно да влезе во црни денови доколку власта во Северна Македонија биде сменета со тврдокорни националисти кои би се спротивставиле на договорот за спорот со името со Грција, пишува во анализа на угледниот „Фајненшл Тајмс“.

Според британскиот весник, француското „не“ ја торпедирало политиката на проширување на ЕУ , а Макрон лишил Унијата од еден од најголемите инструменти за надворешна политика, до што според авторот на текстот, може да предизвика дестабилизација во балканскиот двор на Европа.

„Ветото на Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ може да биде запаметено како историска грешка, која ќе ја ослабне Европа и која ги поткопува нејзините амбиции да стане геополитичка сила“, пишува во анализата на „Фајненшл Тајмс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e