Социјалдемократите на централен одбор вечерва треба да дадат „пас“ за старо новите решенија на Зоран Заев во преодната влада. Според информациите на 24 вести нема да има измени во имињата – кои како предлози утре треба да бидат избрани во министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, какои и тројцата дополнителни заменици.
Оливер Спасовки се враќа во МВР, Фросина Ременски во труд и социјала, Кире Наумов како дополнителен заменик во финансии, Љупчо Николовски во земјоделство, Александар Кирацовски во информатичко општество. Се очекува да се отвори и прашањето околу вчерашниот договор што го постигна лидерската четворка, во пресрет на изборните активности на СДСМ.