Ципрас: За жал, Грција беше отсутна од консултациите и од се што се случи на Самитот

Лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит ТВ потенцираше дека е ирационално тоа што го стори ЕУ и се надева дека набрзи ќе сфатата дека направиле историска грешка.

Според Ципрас, Преспанскиот договор не може лесно да се урне.

„Не верувам дека е лесно да се урне Договорот (од Преспа), но влегуваме во перипетија, во непотребна перипетија. Ирационално е она што го стори Европската унија и се надевам дека е привремен неуспех. Се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка. Грешка која не треба да стане фатална. И ова го велам знаејќи паралелно дека, за жал, Грција беше отсутна од консултациите и од се што се случи на Самитот минатата седмица“, рече Ципрас, додавајќи дека се очекувало Грција, а не Данска и Холандија да имаат став и улога во дискусијата што се однесува на Балканот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e