Чулев: Лажна вест е дека ќе поднесам оставка

Лажна вест е дека ќе поднесам оставка, вели во изјава за порталот „Локално“ техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев откако „Либертас“ објави дека тој подготвува оставка од техничката влада.

„Се работи за фејк њуз во рамките на психолошките притисоци кои ми се вршат. Јас ќе пријавам и во ЗНМ и во Советот за етика“, изјави Чулев за „Локално“.

Според изворите на Либертас, оставката беше планирана за утре, а како причини требаше да се наведат солидаризирање со разрешената министерка Рашела Мизрахи која беше разрешена од ресорот Труд и социјала на барање на техничкиот премиер Спасовски заради непочитување на уставното име на државата.

Според изворите на Либертас, демантот од Чулев уследил по притисокот што го направиле кон него лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e