Четворица пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ преминуваат во СДСМ?

Четворица пратеници дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе станат дел од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ , објави порталот Ако.мк.

Договорено е наскоро да се објави новото, бројно зголемено парламентарно мнозинство со уште четворица пратеници, кои се дел од коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ, но информацијата се уште се чува во тајност заради чувствителноста на ситуација . Сепак, партиски извори не уверуваат дека е извесно преминувањето на еден пратеник од Тиквешијата, еден од турската и еден од бошњачката заедница, додека за четвртиот се уште се воздржуваат да го посочат, бидејќи со него се уште се разговара, пишува порталот.

 Оваа информација подолго време лебди во воздухот, а шпекулациите беа засилени по неодамнешниот ,,лапсус“ на лидерот на СДСМ Зоран Заев  во емисијата Отворено на Тв 24 кога рече -,,ВМРО ДПМНЕ со своите 47 пратеници“, но брзо се поправи па додаде со своите 51 пратеник. Но, ова не остана незабележано од присутните новинари, па на нивното прашање дали треба да читаме меѓу редови кога рекол 47 пратеници, Заев само се насмевна и рече дека не би го коментирал ова понатаму.

Според исто така непотврдени информации, веројатно е ДУИ да ја повлече Платформата во овој период на растечки тензии, со што ќе му ги оневозможат на Иванов натамошните оправдувања за недоделување на мандатот.

И професорот Денко Малески во својата денешна колумна објавена на порталот Плусинфо пишува:

,,Размислувам што би се случило кога албанските партии би решиле јавно да ја повлечат Платформата, а со СДСМ да се договорат во погодно време да ги отворат темите запишани во неа и тогаш да ја поканат ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во дебатата околку националните прашања? Конечно, таква дебата предвидуваат и авторите на Платформата. Значи, сите коалициони партнери на идната влада да изјават дека нивната примарна задача се реформите кои ќе направат од Македонија правна држава, согласно документот на Прибе, и преземањето на нужните чекори кои ќе ја внесат државата во НАТО и во ЕУ.

Таков гест од страна на албанските партии заслужува и опозицијата и нејзиниот водач кои го пробија националниот обрач во кој беше затворена политиката на етничките Македонци и им тргнаа во пресрет на барањата на Албанците за еднаквост. Можеби е сега време албанските партии да се реваншираат за овој гест и да го скршат сопствениот етнички обрач, тргајќи во помош на СДСМ кој е изложен на националитичка канонада за предавство.“

Извор: Ако.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e