Четворица добитници на наградата „11 Октомври“ во 2016 година

Министерството за култура извести за одлуката на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2016 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на Благоја Маневски, ликовен уметник, Раим Ганији, писател и новинар, Елена Мисиркова, пијанистка (на фотографијата), и Атила Клинче, актер.

Одлуката стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2016 година (вторник), во 12 часот, во Собранието на Република Македонија. Одлуката е потпишана од Претседателот на Одборот за државната награда „11 Октомври“, академик Митко Маџунков.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e