Премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.
„Денес, кога Северна Македонија гради едно општество за сите свои граѓани, припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел од тоа наше заедничко општество. Наши истакнати сограѓани од турската заедница го даваат личниот, значаен придонес во развојот на нашиот мултикултурен и мултиетнички мозаик“, напиша премиерот Заев во честитката.
Почитта кон другиот и поддршката за секоја заедница да го негува и чува мајчиниот јазик, потенцира тој, е од огромно значење зашто ги обединува луѓето.