ЦЕЛОДНЕВНА АГЕНДА, ИСПОЛНЕТА СО МНОГУ СРЕДБИ И АКТИВНОСТИ: Николовски на терен меѓу земјоделците за новите поволности и мерки

Дневната агенда на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и член на ЦО на СДСМ Љупчо Николовски е целосно исполнета од утро до вечер.

Николовски, денеска работниот ден го започна со средба со студентите од Земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет.

“Среќен сум што заеднички успеавме, и овозможивме стипендии за студентите од Земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет. Со месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината ги мотивираме младите да се запишат на една од овие благородни науки. Продолжуваме цврсто да стоиме на ставот дека за вас како студенти мора да има стипендии, за подобро образование и практична настава, а со тоа и развој и напредок на државата.” – потенцира тој.

337535134_2940150706117856_5820115127528114216_n

337541971_6455791394432249_3204685982155243959_n

337248980_938574257147494_8117332524259082772_n

337532641_3551282298426808_2489844668142691839_n

Потоа, министерот заедно со неговиот тим продолжија со теренската информативна кампања низ полошкиот регион, се со цел запознавање на земјоделците со новите можности за поддршка. Веќе се во тек повиците за малите производители на храна, за малите семејните винарии, за поддршка на локални манифестации и саеми.

“Наша цел е 2.000 нови регистрирани мали производители на храна. Само со добра информираност и силна поддршка ќе стасаме до нашата и ваша посакувана цел.” – нагласи Николовски.

337513492_740699760946102_1184833199095199055_n

337530128_964564237864190_9158407800363045417_n

337551214_759567858828049_1888367156282881777_n

Понатаму, Николовски работниот ден го продолжи во посета на Монтенегро ДОО, фамилијарен бизнис кој е на пазарот повеќе од 50 години, препознатлив по долгогодишната традиција во малопродажба, по својот квалитет и посветеност. Оваа успешна компанија е меѓу поголемите компании корисници на ИПАРД програмата.

337519319_173736285472121_8396335138653302453_n

Министерот посочи дека ваквите компании се причината за успехот на ИПАРД програмите во нашата земја.

337526820_198555629539442_8494749013893501373_n

337524422_125743150462589_6484421388459957288_n

“Не постои град или село каде нема табла дека е реализиран некој проект од ИПАРД програмата. Токму затоа заслужено добивме зголемување од 62% ЕУ средства за новата ИПАРД 3 програма.” – додаде Николовски.

337421276_933826590997020_1345377032290112584_n

Месна преработувачка индустрија Карнем од село Зубовце, општина Врапчиште е уште позитивен пример на успешена ИПАРД приказна. Преку средства од ИПАРД програмата оваа компанија има набавено опрема за преработка, како и изградба на прочистителна станица за отпадни води. Со новата ИПАРД 3 програма имаме 97 милиони евра неповратни ЕУ средства и нови акредитирани мерки за реализација на нови успешни ИПАРД проекти.

337539042_1162385837763146_1575341592952743118_n (1)

337377938_786366106170054_5006764179210669811_n

337400083_1283126829280782_8561419289252482400_n

337407059_725674049295471_5136121568048323694_n

Развојот на земјоделството како стопанска гранка почнува токму од образовните институции.

Николовски, денеска исто така го посети и Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ – Тетово каде што разговараше со средношколците од земјоделско ветеринарната струка.

336875943_722058186288244_6519153999547822504_n

“Горд сум што овие млади луѓе токму оваа струка ја имаат одбрано за изучување. Обезбедивме стипендии за студентите од земјоделските, шумарски и ветеринарни науки, она што следно треба да го размислуваме е како да ги мотивираме и средношколците да запишат и средно стручно училиште во облста на земјоделството, шумарството и ветеринарните науки.” – додаде министерот.

336808795_1392339994974213_8689018965830828723_n

Информативната кампања низ полошкиот регион денеска заврши со средба со земјоделците од општина Теарце. Грантовите од по 10.000 евра за малите производители на храна и мерката поддршка на бизнис план, се само дел од новите мерки со кои беа запознаени земјоделците.
337416484_1360246374818958_4816209919035081698_n
Николовски посочи дека оваа година е година на нови можности во земјоделството и додаде дека директно со земјоделците на терен ги слушаат нивните предлози и ги мотивираат максимално да ги искористат мерките кои ги имаат на располагање.
330310333_1278163553048787_6414784851187976916_n

По завршувањето на сите работни средби, на крај на денот, Николовски како член на ЦО на СДСМ на средба со членовите на Комисиите за земјоделство на СДСМ од полошкиот регион, ги презентираше новите мерки и програми кои од оваа година се нудат за поддршка на земјоделците.

337414351_1657279451342019_8393633618794842634_n

Тој потенцира дека годинава го имаме најголемиот земјоделски буџет, што гарантира непречена реализација на сите нови мерки и успешен старт на новиот модел за субвенционирање како најголема реформа во земјоделството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e