Царовска: За 20 пати го зголемивме бројот на дечиња, на кои сега им следува помош од државата

Потпретседателката Мила Царовска ги продолжи средбите со граѓаните и различни целни групи. Денеска, на средба со нашите сограѓани Роми, од населбата Ѓорче Петров, Царовска порача дека реформите што ги реализираше СДСМ во социјалата директно влијаат на подобрување на животот на над 300.000 граѓани.

„Со социјалната реформа обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, го враќаме достоинството и го креваме животниот стандард. Социјалната помош ја зголемивме за над 300%. Во споредба со претходно, за 20 пати го зголемивме бројот на дечиња на кои сега им следува помош од државата. Конкретно, со новата социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток, а 8.678 деца добиваат образовен додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 2.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија“, рече Царовска.

Царовска рече дека одлуката за покачување на пензиите, која го следи растот на платите во државата, од околу 900 денари е најголемо покачување на пензиите досега и покажува вистинска грижа за постарите но и за идните пензионери.

Царовска зборуваше и за предлог-законот за неевидентирани лица во матична книга на родени со кој го решаваме долгогодишниот проблем на неевидентираните граѓани.

„Овие наши граѓани премногу долго живееа на маргините на нашето општество. Со ова наше решение преточено во Закон кој што веќе ја помина владината процедира овозможуваме право на здравствена, социјална заштита и редовен работен однос. Нивните деца конечно ќе можат да се вклучат во образованиот процес“, дополни таа.

На денешната средба со граѓаните од Ѓорче Петров се дискутираше и за активните мерки за вработување, кои се дел од Оперативниот план, за којшто оваа година се издвоени рекордни 1,1 милијарди денари.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ