Бугарофили од „Тодор Александров“ ја обезбедуваат Арсовска, уште ли ќе ги крие бугарските релации?

Изреката дека нападот е најдобра одбрана стана сојузник на кандидатката Данела Арсовска. Таа свесно ја манипулира македонската јавност и досега не упати директен демант околу нејзиното бугарско државјанство ниту пак понуди конкретни докази, туку постојано повторува дека сето ова што се случува е срамота и дека таа е нападната како жена. Но, денеска јавноста се прашува што таа прави во друштво на познатото бугарофилско здружение „Тодор Александров“ или пак повторно ќе ги понижи македонските граѓани, а пред се скопјани, дека и фотографиите со овие наводни „патриоти“, кои промовираат насилство и бугарофилство, се манипулација и лага и дека се монтажа?
248293051_935430747062948_5808984955306243436_n250967919_4694547820597729_2222856235826328414_nОд фотографиите јасно се гледа дека за време на предизборната кампања, таа е во постојано друштво на членовите на здружението „Тодор Александров“ кои се познати по фашистички идеи и величање на ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ блиски до бугарската идеја како и до движењето на Красимир Каракачанов во Бугарија. Да не заборавиме дека токму Каракачанов беше посочен како дел од криминалната група која за одредена сума пари делела пасоши на македонски државјани. Дали и Арсовска се нашла помеѓу граѓаните кои биле во редицата на Каракачанов? И дали за тоа и посредувале лицата од здружението “Тодор Александров“, кои се блиски соработници со Каракачанов, но и други бугарски политичари и функционери?

ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е токму Арсовска, никогаш не се дистанцираше од самопрогласеното „патриотско“ здружение „Тодор Александров“ и никогаш јавно не ги осуди сите акти со кои се промовираат фашистички симболи и идеи, а досега се познати и по бројни скандали за време на прославата на Илинден, како и за време на немирите на 27 Април. Членовите на „Тодор Александров“ упаднаа во парлементот и беа дел од насилниците кои сакаа да линчуваат пратеници. Тоа се истите лица кои сега ја обезбедуваат Арсовска уште неизбрана на функција. Со недели јавноста се прашуваше зошто е се потребни телохранители на една кандидатка, но сега е јасно кои се и зоѓшто и се..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e