Бугарија додели 150.000 евра за настраданите од поплавите во Скопје и во Тетово

Република Бугарија денеска ѝ додели финансиска помош на Македонија за справување со последиците од поплавите во регионите на Скопје и на Тетово на 6 и 7 август оваа година, во износ од 150.000 евра.

Средствата се обезбедени од буџетот на бугарското министерство за надворешни работи и ќе бидат исплатени во две еднакви рати на сметка на Црвениот крст на Република Македонија и на сметката на Министерството за финансии.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e