Братот на Николовски најостро ги демантира лажните вести и најави тужба против Инфомакс

Илија Николовски, брат на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ја демантираше лажната вест објавена на порталот Инфомакс за негово наводно вработување во Царина.infomaks lazen tekstНиту сум конкурирал, ниту сум вработен во Царина и немам отворено шпедиција. Од 2012 година работам како шпедитер, но немам сопственички удел во ниту една компанија. Овој т.н портал Инфомакс, до сега има објавено низа на текстови со лажни содржини за мојот брат. Целта е негова лична дискредитација. Затоа од истиот портал побарав веднаш да го повлече текстот полн со невистини и да го објави мојот демант, во спротивно ќе им биде поднесена тужба.”- нагласува Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e