Борисов: Земјите што сакаат членство во ЕУ и НАТО внимателно да ги мерат своите чекори

Се надевам дека Северна Македонија, веќе 30-та членка на НАТО, наскоро ќе ја покаже разликата во својот развој, откако ќе биде дел од ова семејство, а во исто време, очекувам поголем разум на другите земји што сакаат да влезат во Европската унија и Алијансата, многу внимателно да го мерат нивното однесување и чекори. Ова го истакна премиерот на Бугарија Бојко Борисов во својот говор на Годишниот форум за Западен Балкан, организиран од Меѓународниот републикански институт на САД.

Тој рече дека „расчеречената“ положба не е корисна за никого – или сте во НАТО или не, или сте во европско семејство или не, пренесува БТА.

„Тешко е на Балканот да има таква држава, која ќе игра улога како Австрија или Швајцарија. Секој сака воена неутралност и, ако е можно, моќен банкарски систем, но не зависи од нас самите на Балканот, продолжи премиерот на Бугарија.

Тој потсети дека пред повеќе од 10-15 години, Балканот не предизвикувал интерес, а причината биле самите држави.

„Ние го правиме тоа сами – војни, масовно уништување, распаднати земји за краток период и Балканот повторно стана буре барут, недостоен за внимание“, објасни Борисов.

Но, истакна премиерот, бугарското претседателство со ЕУ стави акцент на темата на односите во регионот и многу процеси потоа трајно го ставија во центарот на вниманието на европските премиери и на САД.

Бугарија ќе ја постави темата на распоред уште два пати следната година – како ко-домаќин на Берлинскиот процес, заедно со Северна Македонија. Ова, според Борисов, е исклучително важен процес во кој, покрај премиерот на Велика Британија, ќе учествуваат канцелариите на Германија, Австрија, премиерите на Полска, Италија, лидерите и министрите за надворешни работи на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e