Борисов за средбата со Мицкоски: Ги натерав и нив да се декларираат

Вчера имав средби со нашите така наречени сестрински партии, зборував и со колегата Мицкоски и со албанскиот колега. За Северна Македонија, Мицкоски кажа дека Европската Унија и НАТО се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на прашање за европската перспектива на С. Македонија и Албанија.

Тој истакна дека на вчерашната средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги натерал претставниците од ВМРО-ДПМНЕ да се декларираат за Договорот за добрососедство кои двете земји го имаа потпишано, а кој беше критикуван од опозицијата за време на потпишувањето

„Јас настојував тоа да биде декларативно. Антибугарската реторика која Северна Македонија ја има треба не само да се заборави, туку да се убедени дека ја нема. Неслучајно им кажав дека кога некој од нив ќе каже дека Бугарија е фашистички окупатор, ние одлучуваме дека не треба да ви помагаме, зошто ние не сме биле ничиј окупатор и не треба да се преиначува историјата. Никогаш нема да дозволам да се лепи етикета „окупатор“ на Бугарија. Компромиси повеќе нема. Ако сакаат да одат напред, јасни се перспективите. Сте слушнале од мене, не само на билатералните средби. На средбата синоќа уште еднаш го повторив мојот став и ги натерав и нив да се декларираат“, истакна Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e