Конте го кани Заев во Рим и порача дека ќе бара датум за Македонија во ноември

Италијанскиот премиер Џузепе Конте со покана до македонскиот колега, Зоран Заев за официјална посета на Рим во наредниот месец, пред новиот состанок на Советот на министри при ЕУ што е закажан на 19 ноември. Но, и порака дека исходот од последниот Самит во Брисел „е историска грешка“ на лидерите на Унијата кои не постигнаа консензус околу датумот за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија. Францускиот претседател остана тврд на ставот – „прво нова методологија за членств, па потоа преговори“.

Затоа Конте истакнал дека на Советот на министри во ноември ќе побара Македонија и Албанија да бидат точка на дневниот ред и ќе инсистира за продолжување на разговорите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Истовремено изразил надеж дека епилогот од четвртокот во Брисел нема да биде демотивирачки за македонските граѓани.

Потврда за поканата на Конте пристигна и од кабинетот на Заев, без да прецизираат дали и кога би се реализирала посетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e