Болката на Груевски му се послушниците кои почнаа да ги признаваат промашувањата

Соопштение за јавност
Груевски не може да се помири со фактот дека и неговите послушници почнаа да ги признаваат неговите промашени економски политики.

Приказната за “економските промотори“ платени со милиони евра пари на граѓаните се сруши како кула од карти, а последниот замав дојде лично од Ѓорге Иванов кој “економските промотори“ ги оцени за бескорисни.

Со ова Иванов од темел ја урниса економската политика на Никола Груевски поставена на т.н. најзначаен проект на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување странски инвестиции, што се покажа класична манипулација за интересите на фамилијата.

Затоа е нервозата кај Груевски и неговите соработници од тесното опкружување во ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Ннема одговор за што ги плаќал со народни пари “економските промотори“ Никола Груевски ако биле бескорисни.

Каде се осумте милијарди евра странски директни инвестиции на Груевски за коишто ги лажеше граѓаните?

За што отидоа над 43 милиони евра народни пари во Агенцијата за странски инвестиции изминативе години?

Груевски и сите како Иванов кои гледале што се случува и дозволувале ќе мора да се соочат со сопствената одговорност.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e