Богојески: Лидер на политичка партија треба да обединува наместо да исклучува неистомисленици

„Јас и Мицкоски немаме лични недоразбирања. Имаме сериозни разлики во политиките во кои веруваме. Визијата за иднината на партијата, но пред се на државата ни е различна. Лидерот треба да обединува, а не да разрешува или исклучува од партија неистомисленици. Тој тоа го направи, под туѓ притисок или не, не знам, но свесно или несвесно направи огромни штети“.

Ова во интервју за „Независен“ го изјави Петар Богојески, поранешниот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во партијата.

Во однос на новите советници, кои лидерот на опозициската партија ги промовира пред јавноста, Богојески го оцени изборот како „разочарувачки“. Тој смета дека со овој потег, Мицкоски длабоко ги разочара членовите на партијата.

„Очекував многу повеќе од Христијан на тоа поле. Особено што и самиот доаѓа од академската заедница, па очекував да понуди нови лица. Овие кои се понудени, со дел исклучоци, се истите оние кои ни ги понуди Груевски од времето на Преродбата, со дополнување на лица од време на Заедничка Македонија, чиј резултат беше скандалот на 27-ми. Тоа значи дека политиките не мрднале ниту за еден чекор напред, туку се вратиле назад кон скандалозните времиња, од кои најголеми штети претрпе токму ВМРО-ДПМНЕ. Со овој потег, Христијан длабоко ги разочара членовите на партијата“, вели меѓу другите „реформаторот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e