Богоев во САД, како дел од кампањата на Хилари Клинтон

Претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев е во студиска посета на Вашингтон, Соединети Американски Држави, како дел од кампањата на Хилари Клинтон, кандидатка за претседател на САД од Демократската партија.

Богоев заедно со останатите млади лидери ќе биде дел од Парадата по повод Денот на трудот, којашто ќе се одржи во Кливленд, а свое обраќање ќе има Хилари Клинтон.

Се оствари и посета на Белата куќа и Конгресот, каде што младите имаа можност да разговараат со голем број на кандидати за конгресмени и сенатори.

Учесниците имаат можност на директен начин да бидат дел од изборната кампања во САД, делејќи промотивен материјал и остварувајќи директен контакт со граѓаните.

Се одржуваат и работилници за поефикасна изборна кампања, пренесување порака и комуникација на социјалните мрежи.

Со младите од Демократската партија беа споделени искуства за младинските проблеми ширум светот. Решенијата за млади треба да заземаат значаен простор во изборните програми на партиите.

Само низ постојана комуникација со младите може да дојдеме до квалитетни решенија, е заклучокот на младите лидери. – се вели во соопштението на СДСМ.

Stefan Bogoev 2

Stefan Bogoev 4

Stefan Bogoev 5

Stefan Bogoev 3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e