Богоев: Спортската сала „Партизан“ се враќа во владение на општината

„Среќен сум што од 43-тиот роденден на Општина Карпош, можам да соопштам дека „Партизан“ се враќа во наше владение. Во прашање се денови на доделување и завршување на сите формално правни процедури“. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на мултимедијалниот настан со којшто се одбележа 43 годишнината од основањето на Карпош.

„Искрено се надевам дека „Партизан“ ќе биде споменик на новото време. Тоа е повеќе од спортска сала и објект. Со неговата возобнова ќе го вратиме обележјето на една цела генерација на карпошани кои годиниве стравуваа дека и „Партизан“ ќе настрада од насилната урбанизација. Верувам дека секој треба да остави свој печат во своето работење. По завршување на мојот мандат, се надевам дека „Партизан“ и паркот долж Вардар ќе бидат главни обележја на овој период“, заврши градоначалникот на Карпош.

Богоев во своето обраќање посочи дка општината е симбол на светската солидарност, збир од различни националности кои функционираат како едно ткиво.

Оваа општина е дом на голем број интелектуалци, професори, доктори, спортисти, режисери, глумци, музичари, уметници, писатели. Покрај тоа што имаме најголем број на државни и приватни образовни установи на наша територија, слободно можам да кажам дека Карпош е дом на едни од најдобрите наши амбасадори од сите сфери на живеење во светот. Тука слободната мисла никогаш не била доведена во прашање! Ви благодарам што преку своите дела и творби, го афирмирате Карпош, Скопје и Македонија во вистинско светло“, посочи Богоев.

На мултимедијалниот настан во Кинотека присуствуваа и членови на Владата, министерката за одбрана и заменик претседател на Владата Радмила Шекеринска, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, како и претставници од други институции: директорот на СОЗР Пеце Мирчески и директорот на ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски, поранешниот градоначалник на Општина Карпош Андреј Петров, како и претставници од невладиниот сектор, меѓу кои „Културно Ехо“. На настанот присуствуваа и актуелните советници и претставници на воспитно – образовни установи од Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e