Бочварски во Штип: СДСМ се грижи за граѓаните со одговорни, а не со популистички политики

Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалник на Штип Благој Бочварски, денеска на трибината на СДСМ „На прав пат“  посочи дека пред две години кога станал градоначалник, сметката на општината била празана, а денеска работите се многу поинакви.

 

„По 11 години тепање на студенти, затварање на медиуми, сега СДСМ се грижи за граѓаните, со одговорни, а не со популистички политики, ги решава најтешките проблеми наследени од минатото и води грижа за секој денар на граѓаните, рече Бочварски, додавајќи дека Општина Штип е светол пример како работите успешно се враќаат во колосек и покрај долгогодишната стагнација и потснување на сите развојни потенцијали.

Кога доаѓавте во Штип, дојдовте по модерен автопат со кој Штип се поврза со Скопје но и со Европа, преку нов влез во градот, осветлен со лед светло, тротоари и урбана опрема. Тука е изграден и новиот кружен тек на булеварот Гоце Делчев, кој го решава сообраќајниот метеж и сообраќајните незгоди пред електротехничкото училиште“, рече Бочварски.

Тој исто така ја најави и изградбата на браната на реката Отиња.

„Ова е вистинскиот пат, ова е правиот пат, ние тргнуваме по овој пат и затоа ве повикувам да се приклучите сите заедно со нас на вистинскиот на правилниот пат, за економски раст, за напредок, за интеграција, за повеќе пари кај граѓаните за повисок стандард, продолжуваме напред“, рече Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e