Бочварски: Помина Јули, пруга нема!

“За време на 10 годишното владеење, оваа влада не пушти во употреба ниту една нова железничка пруга, а дополнително ги укина сите меѓународни и дел од домашните линии.

Проектот за пругата Битола – Кременица во должина од 17 километри чини 20 милиони евра, а средства се обезбедени од ЕУ фондовите. Иако проектот требаше да биде готов до јули 2016 година, тој денес е со реализација од само 30 проценти. На трети септември работите се целосно прекинати поради штрајк на подизведувачите на кои не им се исплатени средтсва во висина од еден милион евра.” – изјави Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Оваа пруга е исклучително важна за Пелагонискиот регион, но и да биде алтернативен излез на југ од државата, бидејќи излезот од Гевгелија е често блокиран, а Македонија трпи огромни финансиски загуби.

Неодговорно е токму министерството за транспорт и врски да се прави ненадлежно за реализацијата на овој проект. Кој ќе ги сноси последиците за ненавременото пуштање на оваа пруга и за финансиските загуби на државата и на бизнис секторот?

Со ова Македонија уште еднаш се покажа како неподготвена да изработи крупен инфраструктурен проект.

Македонија е под истрага за проневера на средства од ИПА фондовите, а ова е една од причините зошто Македонија загуби преку 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ.

Ова ќе се промени по 11 декември.

СДСМ нема да гради споменици и панорамски тркала, сите средства ќе ги насочи кон изградба на железничка и патна инфраструктура, изградба на железнички пруги до индустриските зони, нови модерни соларни железнички станици и зголемување на безбедноста во сообраќајот. – додаде Бочварски.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e