Бочварски: Македонија е железнички изолирана земја!

“По 143 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од овој месец, нашата земја остана без редовните меѓународни линии.

Ова се случува поради реконструкција на пругата Ниш-Прешево, но македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата. Железничкиот сообраќај е целосно парализиран, а Македонски железници ќе се соочат со милионски загуби.” – истакна Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

“Иако помпезно се најавуваше, за 10 години не се изгради ниту пругата кон Бугарија, (почната е само првата од трите делници, од Куманово до Бељаковце и се реализирани само 5 % од работите).

Не се електрифицираше ниту пругата кон Косово, која во овој момент треба да биде алтернатива за излез на север. На југ не е изградена пругата кон Грција преку Битола. Беше ветено дека ќе се изгради до март 2016 година, но проектот доцни и до денеска е со реализација од само 30%.

Приходите од товарниот превоз се намалени, од 30 милиони евра во 2007 на 11 милиони евра во 2015.

Намалување на приходите има и кај патничкиот превоз.

Еве погледнете.

Македонски железници се во лоша состојба, а вработените не земаат редовно плата.

Ова ќе се промени по изборите.

СДСМ ветува изградба на брза пруга Табановце Гевгелија, Битола-Кременица, пругата кон Бугарија, но и реконструкција на дотраената железничка инфраструктура, нови соларни железнички станици, осигурување на сите патни премини, како и поврзување со индустриските зони.” – додаде Бочварски.

Megunaroden zeleznicki soobrakaj A3 za pecat 02-page-002

Megunaroden zeleznicki soobrakaj A3 za pecat 02-page-001

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e