Бочварски: Ги исправаме грешките коишто ги затекнавме по патиштата и продолжуваме со градење (ВИДЕО)

„Огромна е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во концепцискиот пристап на капиталните инвестиции и развојот на инфраструктурата. Само за споредба ВМРО-ДПМНЕ потроши 700 милиони евра за Скопје 2014, додека СДСМ за две години изгради и реконструираше патишта – 800 милиони евра“, вели денеска Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

„Еден милион евра во патна инфраструктура враќа 3,5 милиони евра во економија и бизнис, а со тоа и нови работни места и тоа е шанса за граѓаните на нашата држава. Доколку ВМРО-ДПМНЕ парите од Скопје 2014 ги инвестираше во патишта, досега требаше да се вратат 2,5 милијарди евра во економијата на државата“, посочува Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e