Блокирани им се сметките на фирмите што ја злоупотребија државната помош за плати, истагата е во тек

Директорката на УЈП и министерот за финансии денеска ги презентираа условите за користење на помошта за компаниите и за граѓаните од четвртиот пакет антикризни мерки.
Блокирани им се сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки. На дел од им биле повлечени и средствата кои ги добиле, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, но и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби“, рече Лукаревска.
Таа посочи дека постапката против овие фирми е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Владата ги објави фирмите што зеле пари од државата, а не им дале плати на работниците

Лукаревска, денеска, говореше и за условите за користење на новата мерка за финансиска поддршка на фирмите, при што рече дека средствата ќе се исплаќаат до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец.

Собранието вчера ги усвои законите за финансиска поддршка на работодавачи и самостојни вршители на дејност за исплата на плати.

Оваа мерка, според министерот Бесими, ќе претставува мрежа за заштита на дестици илади работни места во државата, односно ќе овозможи голем број работници да ги задржат своите работи места во овој период на криза.

За илјадници вработени, како што рече, таа ќе значи задржување на истото ниво на плата.

„Оваа е финансиска инејкција од 70 милиони евра во стопанството, односно внесување на средства и стимулирање на економската активнот во овој период на криза“, додаде Бесими.
Двата закони, како што нагласи Бесими, се само дел од 12 закони и законски измени за 22 мерки од вкупно 31 од четвртиот пакет помош, што се во надлежност на Министерството за финансии. Тој додаде дека од овие 12 закони, три се веќе усвоени, а другите се во собраниска процедура или се изготвени и се ставени на јавна консултација.
„Мерките од четвртиот пакет, кои се во надлежност на Министерството за финансии, и кои беа овозможени со ребалансот на Буџетот може да се категоризираат во четири категории: мерки за директна финансиска поддршка на фирмите, мерки за финансиска поддршка на граѓаните, даночни олеснувања и мерки во насока на системски решенија. Со овие средства ќе се даде поддршка на приватниот сектор и на граѓаните за време на вториот ковид-бран, а понатаму ќе дадат поддршка во заздравувањето. Овие мерки се дизајнирани така што дејствуваат позитивно и на страната на понудата и на страната на потрошувачката и на тој начин да ги амортизираат последиците од кризата“, рече Бесими.

Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e