Блокирана сметката на правното лице во случајот „Трезор“

Со оглед дека повеќе медиуми изразија интерес за блокирањето на сметката на правното лице „Финзи“ за случајот „Трезор“, Ве известуваме следното:

Во текот на вчерашниот ден Судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение со кое наложи да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

Ова решение беше донесено по повод наше барање за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на  правното лице во случајот „Трезор“. Појаснуваме дека нашето барање беше прецизирано согласно укажувањата на Судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, со што изразивме подготвеност за продлабочување на професионалната соработка со Судот. – се вели во соопштението од СЈО.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e