Битиќи: Зголемување на просечната плата за 16,5%

Приоритетот на раст на платите кои го дадовме дава резултат, 23 месеци по ред имаме двоцифрен раст на просечно исплатената плата за околу 540.000 вработени. Според податоците кои ги објави денес Државниот завод за статистика, просечната плата во јануари годинава изнесува 39.542 денари, што е зголемување за 16,5% споредено со јануари 2023 година, кога изнесуваше 33.943 денари. За дванаесет месеци бележиме раст од 5.599 денари.

Овој раст на просечната плата за јануари е чекор пред трошоците. Стапката на инфлација за овој месец изнесуваше 3,2%, што зборува за реален раст на платата и куповната моќ на граѓаните за 13,3%.

Во нашата социјалдемократска визија на постојаниот раст на платите гледаме како на еден од основните столбови на социјалната правда во државата. Затоа имаме понуда на економски политики кои создаваат услови за одржлив раст на платите и заштита на животниот стандард на граѓаните, напиша Вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e