Бибер: Фрустрирачки е што С. Македонија ќе мора да чека подолго од 10 години за ЕУ

Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац, Австрија и одличен познавач на балканските прилики, во интервју за „360 Степени“ го коментира исходот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

-Не е целосно јасно која е мотивацијата на Франција или на Макрон. Мислам дека, пред се, причината е во домашната политика. Мислам дека станува збор за скептицизмот на елитата во Франција за проширувањето, губењето на моќта во ЕУ и фрустрацијата од тоа што францускиот кандидат за Европската комисија не беше потврден при сослушувањата во Европскиот парламент. Така што, има чувство на фрустрација во врска со ЕУ во моментот и мислам дека Макрон и затоа се сврте против двете земји. Гледаме критики на Макрон кон политиките на владите на Северна Македонија и Албанија, но многу повеќе кон ЕУ и кон нејзините партнери во Унијата“. – вели Бибер.

„Не мислам дека претседателот Макрон има поддршка за ваква идеја, да се откаже перспективата за ЕУ-членство за сите држави од Западен Балкан. Мислам дека тој е осамен во ова. Не мислам дека овој став е базиран на долготрајна визија, па се сомневам дека Франција ќе може да ја турка оваа идеја за замена на проширувањето со привилегирани партнерства. Мислам дека попродуктивно е да се каже дека проширувањето ќе трае долго време, ќе трае подолго отколку што се надевавме и дури и се да поминеше како што треба, С. Македонија немаше да може да се приклучи во следните 10 години. Сега ќе треба да чекаме уште подолго. Знам дека ова е фрустрирачки. Но, во меѓувреме, може да се гледа на привилегирани партнерства, пристап до структурните фондови, интеграција во економските и политиките за животна средина на ЕУ и други начини за поефикасно да се намали јазот. Но, идејата на Макрон за привилегирано партнерство, какво што ЕУ има со Украина, звучи смешно откако веќе 20 години му се ветува членство на Западниот Балкан. Мислам дека тоа нема да биде прифатено од другите во ЕУ“. – појаснува Бибер.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e