Без воздржани и против, изгласан законот за повисока плата во јавната администрација

Со 82 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та седница по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.

Пратеничката од СДСМ Јагода Шехпаска на собраниската говорница истакна дека со Законот ќе бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор, кој согласно информациите од Министерството за информатичко општество за 2018 година изнесуват околу 138 илјади.

-Зголемувањето ќе биде за пет проценти, средствата се обезбедени од Буџетот на РСМ и зголемена плата вработените во јавниот скетор  ќе ја добијат за септемвриската плата, рече Шехпаска и додаде дека зголемена плата ќе добијат сите буџетски корисници, вработените во јавни устанвои, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите, како и професорите, докторите, здравствените работници, останати вработен во јавен сектор.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска посочи дека како пратеничка група поднеле амандман за зголемување на платите од 10 отсто за администрацијата.

– Две години сте на власт, а денеска за првпат зборуваме за покачување на плати. Вчера имавме протест со кој беше блокиран цел град. Вакво незадоволство имаме кај многу вработени во јавниот сектор и затоа за да си го исполните и вие вашето ветување, но и да ги задоволиме финансиските потреби на вработените во јавниот  сектор предлагаме  зголемувањето на платата да не биде пет посто туку да биде 10 проценти, рече Митовска.

Инаку, како што велат од Владата, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.

Предлог законот, кој беше единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница, е поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e