Бејли ги повика младите да гласаат на 11 декември

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, истакна дека важно е дека сите граѓани со право на глас, особено младите, да излезат и да гласаат на претседателските избори во САД и на предвремените парламентарни избори во земјава, закажани за 11 декември.

-Во разговор со студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола вчера, истакнав дека е потребно секој да учествува и да гласа, особено младите луѓе, на изборите во САД и во Македонија, напиша денеска на Твитер, Бејли.

Тој оваа порака ја испратил за време на вчерашната посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, каде разговарал со студентите за изборите во САД.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e