ЕУ Обсервер: Постои сериозен ризик од враќање на Никола Груевски на власт

-„Брисел – Францускиот премиер Емануел Макрон, со незабележан пример на вандализам, ја уби политиката која до неодамна се сметаше за главна функција на ЕУ и која е единствена стратегија на унијата кон балканските соседи“  – оценија Курт Басунер и Тоби Вогел од берлинскиот Совет за политика и демократизација.

Во заедничкиот авторки текст за „ЕУ Обсервер“ авторите наведуваат дека ЕУ ги прекршила ветувањата, а по две одлагања Франција отишла уште подалеку и го забавила целиот колективно договорен процес на проширување барајќи пред да почнат преговорите со актуелните кандидати, Скопје и Тирана, пристапните методи повторно да се преиспитаат.

-Ако барањето на Франција опстане, проширувањето за оние кои уште не ги почнале преговорите ќе исчезне, а за оние кои ги започнале, како Србија и Црна Гора условите ќе бидат отежнати, наместо појаснети на разумен начин, се наведува во текстот.

Како што наведуваат авторите постои сериозен ризик од враќање на екс премиерот Никола Груевски на власт во Северна Македонија, на вонредните избори кои се закажани за на 12-ти април, по француското вето.

Под наслов „Макрон го наруши ветувањето и сака доминација над ЕУ“ авторите велат дека всушност Макрон не сака да го реформира процесот на проширување туку сака да го уништи,

Спротивно на многу очекувања Макрон не ни трепнал кога и се спротивставил на германската канцеларка Меркел, а цврсто се држел и против речиси сите останати земји членки.

Франција смета дека ни Северна Македонија, а особено Албанија, не се доволно подготвени за почеток на преговорите за членство и дека пристапниот процес веќе не е адекватен на задачата. Ниту еден од тие аргументи не е сосема без основа, но не ја даваат вистинската слика.

Начинот на кој Франција го изнесе ставот без прецизирање што конкретно двете земји кандидатки да направат за да ги исполнат нивните барања и без специфични предлози како да се реформира пристапниот процес, сугерира дека за Макрон во прашање е лидерската улога на Франција во постбрегзитската ЕУ , а балканските држави и процесот на проширување се колатерална штета во неговиот обид да оствари надмоќ. – заклучуваат Курт Басунер и Тоби Вогел од берлинскиот Совет за политика и демократизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e