Аврамопулос потврди: Северна Македонија не побарала финансиска помош за капацитети за бегалци

Северна Македонија не побарала финансиска помош од Европската унија за градење кампови за мигранти и бегалци, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан одговарајќи на новинарско прашање.

Меѓу главните теми за кои разговараа официјалните претставници на земјите од Западен Балкан со претставниците на ЕК беше мигрантската политика, обезбедувањето на границите и соработката на овој план. Истакната беше потребата за зголемување и обезбедување соодветни капацитети за сместување на бегалци и мигранти во овие земји.

– Пред се тоа е одговорност на Владата на Северна Македонија. Ако Владата има потреба од наша поддршка финансиска, ќе се обезбеди, тука сме да помогнеме со нашите експерти за да им обезбедиме на Владата и на властите соодветна поддршка. Меѓутоа досега не е доставено такво барање, но ако се случи ние сме тука да обезбедиме помош, рече еврокомесарот Аврамопулос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ