Враќањето на К15 и дел од плата постои, веќе никој не се обидува да го скрие тоа како појава, но сеуште постои страв од работничките ова да го истераат до крај со судска постапка, јавно обвинителство, полиција. Во врска срамното плаќање на К15 во износ од 100 денара што ни се случува секоја година, е озаконето од страна на синдикатот и Организација на работодавачи кога го потпишале моменталниот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството каде се вели дека ако работодавачот работел со загуба (а тоа може да е и инвестиција, но се третира како загуба), може да исплати помал износ на К15.
Во врска со протестот, дојде од идеја на неколку работнички кои беа гневни и лути бидејќи работодавачите постојано бараат и добиваат од државата се што ќе им текне, а тие, работничките, се под постојани прекршувања и со ниски плати.
“Лути се бидејќи го гледаат луксузот со кои се расфрлаат нивните работодавачи, а тие крпат крај со крај со минимална плата. Побараа да се случи ова, ги кажаа дел од нивните барања, со дечките од Гласен Текстилец брзо се координиравме и мислам дека за кратко време направивме добра медиумска кампања. Време е и текстилната работничка да се охрабри и изнесе свои барања. Доволно молчеа и трпеа. Ова со барањата на текстилниот кластер ја прели чашата и легитимни се сите барања кои ги изготвивме заеднички со нив”, вели Кристина Ампева од НВО Гласен Текстилец.
Целиот тект може да го прочитате на Lokalno.mk
Текстилни работнички: Тоалетот е отклучен само кога доaѓа инспекција