Ахмети знаел дека целиот Закон за употреба на јазиците ќе биде испратен во Венецијанската комисија

Лидерот на ДУИ Али Ахмети знаел дека Законот за употреба на јазиците во целост ќе биде испратен за Мислење во Венецијанската комисија и оти тоа било направено за да се намалат тензиите кај Македонците.

-Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани“, изјави вчера Ахмети одговарајќи на новинарско прашање по отворање на читалница во Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e