Ахмети: Нема договор, разговорите продолжуваат

По завршувањето на денешната лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека договор се уште нема, но изрази очекување дека следните денови страните сепак ќе успеат да најдат заедничко решение за отворените прашања бидејќи, како што рече, сите можности се уште не се исцрпени.

„Има разлики меѓу политичките партии. Треба сите да се ангажираме за да има успех во  имплементација за договорот што го имаме со грчката страна. Останува да се разговара во наредните денови. Очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја пропуштиме оваа историска шанса,“ рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e