Нова жртва од кобната сообраќајна несреќа кај тетовско Ласкарци

Триесет и деветгодишниот Ферди Касо од Гостивар е последната жртва во сообраќајната несреќа што се случи пред три дена кај Ласкарци. По неколкудневна битка за живот, тириесет и девет годишниот маж кој беше хоспитализиран на КАРИЛ утринава им подлегна на повредите. Бил донесен со тешки повреди на градниот кош и на белите дробови.

„После интензивно и оперативен третман, денеска во утринските часови, пациентот им подлегна на повредите и не се избори со сериозните повреди.“ – изјави – д-р Илир Хасани – директор на Ургентен Центар.

Уште двајца пацинети на КАРИЛ се во критична состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e