8 недели после поплавите, животот во Стајковци не е нормализиран

Раскопани улици, искорнати дрвја, таква е сликата во погодените подрачја, по поплавите од 6ти август во скопско.

Речиси два месеци мештаните живеат во страв и во паника. Но, велат мора да продолжат понатаму со тековните обврски. Ги санираат домовите, а ги чистат и нивите за да можат повторно да ги обработуваат. На портите се уште се забележуваат прашината и калта како последица од пополавите. Семејството Христовски иако неколкупати ги повикале, сепак проценителите не им ја испитале штетата.

Божидар се уште не го добил владининиот аванс, а на сметката, вели ги има парите од Црвениот крст. Тие што ги добиле парите од хуманитарците, наместо 14.760 денари на банкарските сметки добија 1.476 денари помалку или вкупно 13.285 денари. Иако се работи за хуманитарни средства сепак одлука да не се оданочуваат овие пари нема, иако Владата има ваков интерес. Но овие луѓе велат дека сега секој денар им е важен.

Пари од Црвениот крст досега виделе 3.515 погодени жители, преостанатите се уште ги чекаат проверките на административните грешки.

Хуманитарците денеска можеа да дониараат и во партиските пунктови на СДСМ.

Под мотото „Хумано Скопје подава рака“ до пладне помош се собираше во шест пункта, три во Кисела Вода и три во Аеродром.

Извор: 24 Вести

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e