53 нови ковид случаи за едно деноноќие

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 546 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 22, Охрид – 5, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола и Велес – по 3, Тетово, Штип и Ресен – по 2, Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово – 1.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани сe 103 оздравени пациенти од: Скопје – 75, Кавадарци – 5, Битола, Велес и Штип – по 4, Ресен – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Куманово, Тетово, Кочани и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, е регистрирано едно починато лице од Скопје (82г), починат во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10.09.2022

Направени се 546 тестови: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Скопје-42, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–22, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Авицена-9, Биотек 13, Систина-5, лабораторија Лаор-5, Синлаб-4, Ремедика-6, Плодност-1, Генеа-3, Никоб Лаб-13, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 293.

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.679 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e