40 евра на ден за берење на јагоди во Шпанија

40 евра на ден  може да се заработат со берење на јагоди во Шпанија. 

Шпански производители на јагоди бараат 600 луѓе за оваа работа во 2017 година, соопшти Агенцијата за вработување на РМ. Бруто платата e 40 евра на ден, а по плаќање на здравствено осигурување и данок на доход остануваат до 38.70 евра на ден.

Се бараат жени на возраст од 20 до 40 година со искуство во земјоделството.

Рокот за пријавување е 10 јануари 2017 година, а заминувањето на  работниците ќе се случи во февруари и март.

За повеќе информации кликнете тука

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e