Денеска Чешка донираше 10 машини за сушење на ѕидовите во поплавни подрачја.
Машините ќе помогнат во активностите за санирање на последиците од поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба.
Опремата на понатамошно располагање ќе и биде предадена на Јавното комунално претпријатите Гази Баба , при што секојдневно ќе се дистрибуираат машините за сушење до сите оние семејства на кои им се потребни, велат од општината.
На настанот присуствуваа и претставникот на Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија Јозеф Брож и директорот на Средното угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев”, Зоран Николовски, кој има успешната партнерска соработка со „Клубот на пријатели на Македонија” од Република Чешка.