Заврши асфалтирањето на стариот пат до кривопаланечкиот манастир

Заврши рехабилитацијата на патниот правец до манастирот Св. ,,Јоаким Осоговски”, кој во изминатиот период беше затворен за сообраќај, информираа од локалната самоуправа на Крива Паланка.
Од денес сите посетители, туристи и рекреативци, до заштитникот на градот и најголемиот туристички потенцијал и промотор на Крива Паланка ќе можат да движат по новиот патен правец, рече првиот човек на општината Борјанчо Мицевски.

Патот е со должина од околу три километри. Проектот во висина од 16 милиони денари, финансиски е поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Општина Крива Паланка.

На патот се санирани постојните свлечишта, изградени се потпорни ѕидови, поставени се риголи долж целата траса, а делови од патот се проширени, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Инаку Генералниот секретар на СДСМ и екс министер за земјоделство Љупчо Николовски претходно рече дека Митрополитот на Кумановско-осоговската Епархија, Г. Јосиф, на прашањето со што можат да помогнат, од нив побарал да се обнови стариот пат до црковното светилиште.

„Тогаш тој побара да го обновиме стариот пат до манастирот. Како и за сите други добрини си дадовме збор и за оваа работа.“ – рече Николовски на стартот на реализацијата на овој проект кој денес е официјално завршен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e