Започнува постапката за изработка на нов ГУП на Град Скопје за 2022-2032

На претстојната седница на Советот на Град Скопје, закажана за 27 ноември, ставена е точка на дневниот ред за усвојување на предлог-одлука за пристапување кон изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Скопје за периодот од 2022 до 2032 година. Со усвојувањето на оваа точка почнува и формално процедурата за изработка на новиот ГУП, соопштија од Градот.

„Генералниот урбанистички план на Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на една деценија. Се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот. Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура.

Согласно со заложбите на градоначалникот Шилегов градот Скопје потребно е да се развива и шири на начин што ќе се релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел на градот. Во текот на изработката на новиот ГУП ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e