Зачестена појавата на несовесно одлагање на отпад на повеќе локации во oпштина Карпош

Надлежните служби во Карпош мапираа 13 локации на територија на Општината каде што има создадено отпад на јавни површини. Преку стратешки пристап и нивно мапирање, локалната самоуправа презема мерка за чистење на овие т.н. диви депонии.

Како дел од мерките и активностите предвидени во Акцискиот план за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План за 2019 година, од областа отпад) Секторот за екологија и енергетска ефикасност започна со евидентирање и изготвување на листа и мапа на ѓубришта на територија на Општина Карпош.

За истата цел, Секторот соработувал со урбаните заедници во Општината. Урбаните заедници, од нивна страна пак, пријавиле можни локации за несоодветно и несовесно одлaгање на отпад на територијата на Карпош.

При оваа акција е констатирано дека е зачестена појавата на несовесно одлагање на отпад на повеќе локации, јавни површини во oпштина Карпош каде што се поставени контејнери.

За таа цел, изготвена е мапа на покритични ѓубришта на територија на Карпош, а и Општината веќе презема превентивни и конкретни активности тие да не прераснат во депонии.

Локалната самоуправа ги интензивираше инспекциските контроли, со тоа што десет службеници од урбаните заедници добиле овластување за комунални редари, со цел да се санкционираат загадувачите на терен.

Општина Карпош започна и со чистење на овие критични локации. Минатата недела се исчисти депонијата во Злокуќани, кај фудбалското игралиште. Исто така, се подигнаа депониите кај „Газела“ (спроти Карпош 4) и во близина С.Ц. „Борис Трајковски“.

Следи чистење на депонии во близина на р.Лепенец и од другата страна на мостот „Газела“.

Врз основа на подготвената мапа, комуналните служби на Карпош се фокусираат на чистење на јавните површини, како и на комуникација со градските власти и јавни претпријатија, за „загрозените“ површини кои се во нивниот делокруг на работење.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e