За тројца делчевци по 2000 евра казна за непочитување на полицискиот час

Тројца делчевци викендот се движеле без дозвола после 16 часот. Јавен обвинител предложи парични казни за секого од нив по 2.000 евра.

Од Јавеното обвинителство соопштија дека поднесени се предлози за издавање казнени налози против лицата за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

-Обвинетите не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час во деновите во викендот се без дозвола се движеле, се наведува во соопштението на ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e