Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат во село Трновац, кратовско, патничко возило „бмв“ со винички регистарски ознаки, управувано од Х.С.(23) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.С.(40) од Виница, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кратово.